Првиот светски рекет ги почна подготовките за ОП на САД (фото)

Новак Ѓоковиќ тргна со подготовките во пресрет на неговите настапи на Синсинати Мастерс 1000 турнирот како и Отвореното првенство на САД.

Првиот светски рекет веќе е во Њујорк и доби прилика да ја почувствува подлогата на „Артур Еш“, теренот каде што ќе атакува на четврта гренслем-титула на американско тло.

Ѓоковиќ прво ќе настапи во сингл и парови со Филип Крајиновиќ на Мастерсот турнирот кој започнува од четврток, а со обврските во сингл тргнува од второто коло како носител на турнирот.

Стартот на ОП на САД е закажан на 31 август, а Ѓоковиќ има отворен пат до 18-тата гренслем-титула, со оглед на тоа дека Рафаел Надал нема да го брани тронот.

- Оглас -

Најнови вести