Прво финале за Французинките

Репрезентацијата на Франција е противникот на Русија во финалето на Европското првенство во ракомет за жени. Французинките кои се домаќинки на шампионатот чија завршница се игра во париски Берси, во полуфиналето беа пообри од Холандија со 27:21. Отпорот на „лалињата“ беше скршен во средината на второто полувреме, откако на полувреме резултатот беше 12-12.

Најрасположени во францускиот национален тим беа Нзе Минко со 6 гола од шест обиди, и Флипс и екс вардарката Дембеле Павловиќ со по четири.

За Франција ова е прво финале во историјата, откако 2002, 2006 и 2016 година губеа во полуфиналето. Холандија вторпат играше полуфинале, но го почувствува првиот пораз, откако преклани успеа да влезе во големото финале. Сега во меѓусебните дуели е 10-6 за Франција.

Финалето се игра во недела од 17.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести