Колумбија – Швајцарија е првиот и единствен осминафинален меч на Светското првенство 2026 кој не беше одлучен во 90 минути игра, туку отиде во продолженија, па неутралните кои не навиваат за никого ќе се мачат уште половина час.
Ни едните ни другите не преземаат голем ризик, како да им е најважно да не примат гол, и потоа со еден постигнат гол или преку пенали да се најдат во четвртфиналето против Аргентина.
Во 16-финалето имаше дури пет меча со продолженија, а осминафиналето донесе само едно. Швајцарците немаат добро искуство со пенал-серии на Мундијалите, пред 20 години во осминафиналето против Украина загубија 0-3, не реализираа ниеден шут од белата точка во пенал-рулетот. Тој тим на Швајцарија е единствен во историјата на СП кој не дал гол во некоја пенал-серија.

