Прво сакам да се докажам во Франција, Реал може да ме чека

Поранешниот потпретседател на Монако, Вадим Василиев, откри дека Килијан Мбапе планира еден ден да го облече дресот на Реал Мадрид, но и дека ја одбил првата прилика да го направи тоа во 2017 година. Откако суперталентираниот Мбапе експлодираше како играч на Монако во сезоната 2016/17 и со 26 гола придонесе Кнезовите да ја освојат титулата во Франција и да стигнат до полуфиналето во ЛШ, Реал потоа запна да го доведе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, но тој сметал дека е рано за таков потег во неговата кариера.

Па наместо во Мадрид, Мбапе се пресели во родниот Париз и се претвори во светска ѕвезда бранејќи ги боите на ПСЖ, каде што и ден денес остварува успех на инидивидуално и клупско ниво.

„Килијан ми кажа дека е рано да направи трансфер во Реал. Сакал да игра повеќе од една сезона во Франција, желба му беше прво да се докаже во неговата земја, а потоа да размислува за интернационална кариера“, вели Василиев.

„Прво ќе докажам дека сум најдобар тука, Реал може да ме чека“, го цитираше Василиев младиот Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести