Првомајски подарок за спортистите од Владата на Австрија

Вицепремиерот на Австрија, Вернер Коглер, најави одлична вест за спортистите во оваа земја и отворање на сите спортски објекти, освен базените, празнично на 1 мај.

Првомајскиот подарок на Владата на Австрија значи дека спортистите ќе се вратат на тренинг, но под посебни услови. По примерот на Германија, фудбалерите, но и останатите спортисти, ќе тренираат одвоено во групи од по 4-5 играчи.

Ова е добар знак дека ќе попуштат и строгите мерки што го сопреа спортот на глобално ниво, секако и најважната споредна работа на светот, фудбалот.

Популарната австриска Типико Бундеслига, или највисокиот ранг на натпревари во фудбалот, би можела, според најоптимистичката варијанта, да продолжи во втората половина на мај, односно на 17 мај.

Моментно во лигата за титула лидер е ЛАСК со 27 бода, пред актулниот првак Салцбург со три бода помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести