Првото Ел Класико под висок ризик: Предлогот е да се игра на „Сантијаго Бернабеу“

Челниците на Ла Лига предложија првото овосезонско Ел Класико да се одигра во Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“, наместо на „Камп ноу“ како што беше првично предвидено. Постои висок ризик за протести во Барселона поради немирите кои се случуваат во изминатиов период во Каталонија, откако надлежните органи секојдневно апсат луѓе кои се предводници на движењето за осамостојување на оваа покраина.

Затоа Ла Лига достави официјален предлог до Шпанската фудбалска федерација за промена на локацијата за одржување на првото Ел Класико, додека второто мегадерби да се одржи во домот на актуелниот шпански првак. Исто така се прашуваат и клубовите, а наводно конечна одлука околу овој предлог мора да се донесе до следниот понеделник.

- Оглас -

Најнови вести