Првпат беше стартер за Ботошани – Македонскиот Давид одигра одлично против романскиот Голијат

Давид Бабунски го одигра првиот меч како стартер за Ботошани и беше меѓу најдобрите во гостинскиот состав во Букурешт против романскиот гигант Стеауа, или како што сега се нарекува ФЦСБ.

Со Бабунски, кој е поранешнен македонски репрезентативец цел меч одигра и Стефан Ашковски, уште еден наш играч што има настап за националната селекција на Македонија.

Мечот заврши нерешено 1:1, а поведе Стеауа со голот на Коман. Веднаш потоа беше исклучен Кристеа, а Ботошани ја искористи предноста од играч повеќе и израмни со прекрасниот погодок на Циганасу.

Бекот на Ботошани упати вистинска бомба од 30-на метри и го погоди аголот на голот на најтрофејниот романски клуб.

FCSB 1-[1] FC Botosani – Tiganasu 22′ great goal from soccer

Стеауа е првиот клуб од Источна Европа што бил европски првак, а вечерва не успеа да го скрши отпорот на гостите.

Бабунски во март годинава непосредно пред да биде прекинато романското првенство потпиша договор со Ботошани, а Ашковски пристигна лани во редовите на петопласираниот тим во Романија.

По ремито со Стеауа, Ботошани има 28 бода, колку што има и денешниот ривал и Астра, а трите клуба ќе бијат жестока битка за третото место кое води во Европа Лигата.

- Оглас -

Најнови вести