Првпат по 40 години: Реал без летен ангажман, се знае за кого се чуваат парите

Реал Мадрид за првпат по 40 години мина летен преоден рок без да ангажира ниту еден нов играч. Кралевите мируваа во трансфер прозорецот кој заврши дури вчера, а последен пат кога Кралевите ја чуваа касата затворена беше во летото 1980 година.

Оттогаш, па досега 13-кратниот европски првак купувал барем по еден играч во текот на летниот преоден рок. Сепак, по сите случувања со пандемијата со корона-вирусот, која удри по финансиите и на најголемите фудбалски гиганти, Кралевите одлучија да не се залетуваат по трансфери и да ги чуваат средствата за идната година.

Прекомандувањето на Мартин Одегар и Алваро Одриосола во првиот тим се освежувањата за екипата на Зидан, додека Реал успеа да се ослободи од Герет Бејл, Серхиo Регилон, Брахим Дијаз, Ашраф Хакими, Хамес Родригес и Оскар Родригес за вкупна сума од 84 милиони евра.

Во меѓувреме, парите ќе се чуваат за галактички трансфер на Килијан Мбапе, првата желба на претседателот Перес, но и на Зинедин Зидан. На младата ѕвезда на ПСЖ веќе извесно време му се предвидува преселба во шпанската престолнина, што е и негов сон, па затоа мирувањето е стратешки потег на Кралевите за во летото 2021 да атакуваат со сите сили по потписот на светскиот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести