Првпат во 110-годишно постоење, Клермон е дел од француската елита

Клермон фут 63 за првпат во својата историја ќе биде дел од француската елита, откако сезоната во Лига 2 ја заврши како второпласирана екипа со 72 бода зад лидерот Троја.

Клермон во последното коло загуби на гости кај Каен со 2-1, но Тулуз во меѓувреме ремизираше со Данкирк при конечни 3-3, по што беше јасно дека малиот клуб за првпат во своето 110-годишно постоење ќе се натпреварува во највисокиот ранг на францускиот фудбал.

https://twitter.com/ClermontFoot/status/1393656054387466244

Од Клермон доаѓа најдобриот стрелец во Лига 2 за оваа сезона, со 22 гола Мохамед Бајо го предводеше тимот до историскиот успех.

Во плејофот се најдоа Тулуз, Гренобл и Парис, а последното место ќе го пополни 18-то пласираниот тим од Лига 1 кој наскоро ќе се дознае по одигрувањето на последните две кола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести