ПСВ лесно го надигра Митјиланд, „кец во два“ победа за Шахтар (видео)

ПСВ Ајндховен веќе се гледа во плејофот од Лигата на шампионите откако го доби првиот меч против Митјиланд со убедливи 3-0. Холандскиот гигант за околу половина час стигна до убедливата предност и без поголеми проблеми го надигра данскиот вицешампион.

Со фантастичен погодок од далечина, средбата на „Филипс стадионот“ ја отвори младиот Мадуеке во 19-тата минута. Точно 10 минути подоцна на 2-0 зголеми Геце, а конечниот резултат го постави Гакпо во 32-рата минута.

Шахтар Донецк со пресврт од 2-1 славеше на гостувањето кај Генк во првиот меч од третото квалификациско коло во ЛШ. Домаќините поведоа преку Онуачу во 39-тата минута, а во второто полувреме украинските гости ја презедоа иницијативата.

Пеналот на Тете во 63-тата минута донесе израмнување, па Алан Патрик го комплетира пресвртот во 81-вата минута.

https://streamable.com/rwuadc

Јанг бојс беше на прагот од минимален пораз на гости кај Клуж, но Сиеро израмни на 1-1 во третата дополнителна минута.

- Оглас -

Најнови вести