ПСЖ доби подарок победа: Како судиите ова не го видоа со ВАР системот? (Видео)

Пари Сен Жермен со 2:1 го победи Анже во синоќешниот прв меч од 10. коло на француското првенство. Големиот фаворит до трите бода стигна со пресврт во второто полувреме, откако по првите 45 минути, гостите имаа водство.

Клучниот момент на средбата се случи во финишот, кога ПСЖ доби пенал, по кој Килијан Мбапе погоди за 2:1. Судијата кој не беше сигурен дали е пенал или не, побара помош од ВАР собата и гледаше повторена ситуација од моментот кога Мауро Икарди ја удри топката со глава, а таа заврши во раката на еден гостински играч.

По прегледувањето на спорната ситуација, судијата досуди пенал, што наиде на чудење кај гостите, посебно што само неколку секунди пред Икарди да ја удри топката со глава, Аргентинецот направи чист фаул, но судијата тоа не го виде. Арбитарот не побара да гледа ВАР снимка од моментот кога Икарди го турка противникот на земја и со тоа се стекнува со предност во моментот кога изнуди пенал.

„Некако сите се заморивме од ВАР системот. Можеби е добра, но ние не знаеме да ја користиме. Пред пеналот за ПСЖ, Икарди направи чист фаил над мене. Ме повлече со рака и јас загубив рамнотежа. Потоа си направи позиција од која беше досеуден пеналот. Фрлени се милиони евра за ВАР технологијата и повторно има многу неправедни одлуки“, рече Томас кој беше фаулиран.

Ситуацијата по која ПСЖ доби пенал, може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести