ПСЖ ја испушта контролата: Наместо на церемонија, Нејмар на Формула 1 во Монако, Меси на концерт (Видео)

Пари Сен Жермен им даде два слободни дена на своите играчи, но очекуваа дека по освоената титула, сите ќе останат во Париз и ќе присуствуваат на церемонија на организација под капата на Обединетите нации.

Наместо тоа, многумина се разбегаа, а најмногу ги боли она што го направи Нејмар. Бразилецот, за кого сезоната е завршена поради повреда, се појави во Монте Карло на трката од Формула 1. Во ПСЖ сметаат дека тоа е провокација, а на Нејмар, кој веројатно си оди летово, не му е гајле.

И Лионел Меси го немаше на церемонијата на УНФП, тој си се забавуваше на концерт на „Колдплеј“ во Барселона. Кога го видоа, навивачи на Барса почнаа да скандираат „Меси, Меси“. Меси летово станува слободен играч и реално е за ПСЖ да одигра само уште еден меч, а потоа да си замине.

- Оглас -

Најнови вести