Францускиот шампион и двократен освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ, постигнал договор со Манес Аклиуш за петгодишна соработка.
Младиот француски репрезентативец е една од главните желби на тренерот Луис Енрике и спортскиот директор Луис Кампос, а веќе се водат и преговори со Монако околу висината на обесштетувањето. Според проценките, вредноста на Аклиуш, кој може да игра како офанзивен играч за врска или крилен напаѓач, изнесува околу 50 милиони евра.
Тој е производ на академијата на Монако и досега има одиграно 10 натпревари и има постигнато еден гол за сениорската репрезентација на Франција. Во моментов е дел од составот на Триколорите на Светското првенство, каде што претежно има улога на резерва, а своето деби на Мундијалот го запиша на натпреварот против Ирак, кој Франција го доби со 3-0.
Покрај интересот за Аклиуш, ПСЖ продолжува да работи и на засилување на други позиции. Францускиот клуб сè уште преговара со Лајпциг за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде.
Од друга страна, од ПСЖ заминува Канг-Ин Ли, кој ќе се пресели во Атлетико Мадрид за сума од околу 40 милиони евра.

