ПСЖ наскоро ќе објави уште едно големо засилување!

Пари сен Жермен во најскоро време ќе објави дека нивен нов играч ќе стане и Едуардо Камавинга, пишуваат француските медиуми. Камавинга е 18-годишен талент на Рен, кој одби да го продолжи договорот со својот актуелен клуб.

Бидејќи договорот на Камавинга со Рен е до јуни следната година, од клубот не сакаат да ризикуваат да го задржат играчот за врска, а веќе следното лето да го загубат без пари, кога ќе му заврши договорот. Светците од „Паркот на Принцовите“ веќе се интересираа за Камавинга, но Рен првично бараше 100 милиони евра. Откако стана јасно дека тинејџерот не сака да остане во Рен, сумата за трансфер падна само на 30 милиони евра, што реално е сума која не треба да создаде проблеми за францускиот гигант да ја плати.

Камавинга минатата година дебитираше за француската репрезентација и досега има три меча за светскиот првак, а успеа да даде и еден гол. Во Рен одигра 86 меча во кои постигна два гола, а имаше и пет асистенции.

ПСЖ ова лето доведе неверојатно квалитетни играчи. Прва ѕвезда на трансфер-периодот е доведувањето на Лионел Меси, кому му заврши договорот во Барселона. Без пари во ПСЖ пристигнаа и Серхио Рамос, Џиџи Донарума и Џирџино Вајналдум, а единствено беа потрошени 60 милиони евра за доведување на Ашраф Хакими од Интер.

- Оглас -

Најнови вести