ПСЖ не знаеше што го снашло во Лајпциг, пресвртот го најави Донарума (Видео)

Германски Лајпциг во првите три кола од Лигата на шампионите претрпе три порази, но вечерва Црвените бикови тргнаа фуриозно по трите бода, и тоа против екипа која важи за еден од главните фаворити за европската титула, ПСЖ. Лајпциг по 8 минути игра, поведе со голот на сезонава на феноменалниот Нкунку, а четири минути подоцна имаа голема прилика за 2-0, но Андре Силва утна пенал.

Оваа одбрана на Донарума беше будење на Светците кои се без Меси. Ако имаа 0-2, тоа ќе беше тешка позиција за извлекување, вака Донарума го врати францускиот тим во живот, па Вајналдум изедначи на 1-1 во 21-вата минута.

На дербито во Ливерпул, домашните водат со 2-0 против Атлетико Мадрид. Жота и Мане ги имаа единствените шутеви кон голот на Облак, а Словенецот двапати ја вадеше топката од својата мрежа.

- Оглас -

Најнови вести