ПСЖ вакво понижување во Франција имал само еднаш претходно

Пари Сен Жермен го претрпе третиот пораз сезонава во француското првенство и тоа на гости кај Монако. Пред мечот, Светците беа големи фаворити, а првото полувреме не покажуваше дека може да се случи изненадување.

Актуелниот француски првак по првите 45 минути имаше водство од 2:0, а за гостите беа поништени уште два гола поради офсајд позиции. Сепак, наместо Светците да продолжат во ист ритам и во вториот дел, се случи спротивното. Монако за 20-тина минути стигна до 2:2, а домаќините на крајот постигнаа и трет гол за целосен пресврт.

Откако во Пари Сен Жермен како доминантни сопственици се јавуваат катарските милијардери, ова е само втор пат ПСЖ да загуби натпревар на кој има предност од 2:0. Единствен претходно што успеал од 0:2 да се радува против францускиот гигант е тимот на Бастија и тоа пред речиси шест години.

На меч одигран на 10 јануари 2015 година, ПСЖ водеше со 2:0, но Бастија до крајот направи пресврт и славеше со 4:2.

 

- Оглас -

Најнови вести