Дерби на потонатите во Мексико, Пачука верува во традицијата

Андреј Рублев – Данил Медведев (АТП Синсинати, 01 часот)

Младиот тенисер од Москва, Рублев го направи најголемото изненадување досега на турнирот со елиминација на 7-кратниот шампион во Синсинатит, Роџер Федерер. Победата беше многу убедлива и силно оддекна во тенискиот свет.

Рублев знае да блесне, а блескава кариера најави со триумф на Ролан Гарос како јуниор во 2014 година.

Денеска е аутсајдер против сонародникот и сограѓанин од Москва Данил Медведев, кој е две години повозрасен и засега има подобри резултати на АТП турнирите од Рублев. Двајцата се големи надежи на рускиот тенис, кој напредува многу во последните две децении. Од Рублев и од Медведев се очекуваат и гренд-слем трофеи, а ноќеска во Синсинати ќе треба да потврдат дека се тенисери од највисока класа и дека имаат блескава иднина.

Во единствениот меѓусебен меч досега Медведев лесно го победи Рублев со 2:0 во Будимпешта пред две години, а ќе типуваме дека повторно ќе победи во два сета.

Предлог тип: Точен резултат 0:2 (1.90)

 

Венус Вилијамс – Медисон Кијз (ВТА Синсинати, 01 часот)

Токму од Медисон Кијз Американците очекуваат да биде една од наследничките на сестрите Вилијамс, или да оствари барем дел од тоа што Серена и Венус остварија во тениските кариери.

Кијз има едно финале на гренд-слем турнирите, пред две години на САД опен, кога загуби од Слоун Стивенс, уште една тенисерка што треба да ги продолжи успесите на двете легендарни Американки од семејството Вилијамс.

Досега Венус и Медисон играа четири меча меѓусебе и резулатот е 2:2, а сите дуели им беа неизвесни, па ќе типуваме и петти меч меѓу двете Американки со плус гемови.

Предлог тип: >21.5 гемови (1.85)

 

Новак Ѓоковиќ – Лукас Пуле (АТП Синсинати, 03 часот)

Новак Ѓоковиќ долго го чекаше пехарот од Синсинати, за да ги има сите трофеи од најважните светски тениски турнири, а лани конечно успеа во мисијата. Имаше пет порази во финалињата, три од Федерер и два од Мареј, но на црната серија и дојде крај лани, кога падна Федерер во финалето.

И сега Новак е голем фаворит за реприза и за нов пехар во Синсинати, а следен на ред на патот до финалето е францускиот тенисер Лукас Пуле.

Досега имаат одиграно само еден меч меѓусебе и Ѓоковиќ буквално го збриша од теренот Пуле во полуфиналето на Австралија опен на почетокот на оваа година. Српскиот тенисер славеше со 6:0, 6:2, 6:2 и потоа и ја освои шампионската круна победувајќи го Надал во финалето со 3.0 во сетови.

За Пуле токму настапот во полуфиналето на АО е најголем успех во кариерата, а ноќеска ќе се обиде да му се спротивстави на Ѓоковиќ. Сепак Новак е голем фаворит и ќе типуваме дека лесно ќе ја мине и оваа пречка во Синсинати.

Предлог тип: 1<20.5 гемови (1.95)

 

ЛДУ Кито -Барселона (Еквадор, 02.15 часот)

Барселона е најтрофејниот клуб во Еквадор со 15 титули, но има многу проблеми кога игра против ЛДУ Кито на гостински терен.

Неверојатно звучи податокот дека како гости најтрофејниот клуб нема победа во Кито во последните 23 натпревари. Дуелите меѓу екипи од Кито и Гвајакил има посебен шмек, а ривалитетот е голем.

Барселона се уште не може да најде чаре со големата надморска височина во Кито и конечно да го победи ЛДУ на гостински терен.

Домаќинот бие битка за да остане на осмата позиција на табелата во еквадорското првенство, последна што води во плејофот.

Проблем за нив е што ги чека голем двомеч во Копа Либертадорес против јужноамериканскиот гигант Бока јуниорс на 22. август на „Бомбониера“ и 7 дена подоцна во Кито. Тоа е четвртфинале во Копа Либертадорес, па има големо значење за ЛДУ Кито и сите мисли се насочени кон двомечот со Бока.

Предлог тип: Х (3.40)

 

Пуебла – Пачука (Мексико, 02 часот)

Еден од највозрасните тренери во Мексико, Хозе Луис Санчес има многу проблеми во обидот да ја врати Пуебла на победничките патеки.

Апертура ја почнаа со два порази и реми и по три кола се во долниот дом, па ноќеска ќе се обидат да ја забележат првата победа.

Исти маки на Пачука има и Рикардо Ла Волпе, поранешниот селектор на Мексико и на Костарика. Ла Волпе има 67 години, повозрасен е од Санчес за 7 години, па ова ќе биде и тактички дуел на двајца ветерани во мексиканскиот фудбал.

И Пачука тргна лошо во новата сезона, има три порази и реми и е без победа, а во таборот на гостите место за оптимизам има поради одличниот биланс со Пуебла.

Пачука нема пораз на последните 7 меѓусебни дуели со следниот ривал во Мексико, а ќе типуваме дека традицијата ќе продолжи.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (2.03)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести