Рабио побегна, само двајца странци од Јуве останаа во Торино

Од фудбалерите на Јувентус кои не се Италијанци, во Торино останаа само Пауло Дибала и Блез Матуиди. Сите други странци се во родните земји, а најнов кој побегна од северниот дел на Италија, е Адриен Рабио.

Рабио сега се сели во карантин во својата вила на француската ривиера. Пред него, од Торино си заминаа и Португалецот Кристијано Роналдо, Аргентинецот Игуаин, Босанецот Пјаниќ, Бразилците Алекс Сандро, Данило и Даглас Коста, и Полјакот Шчесни. Ситуацијата со Дибала кој е во Торино, е чудна. Тој беше заразен од коронавирус, па наводно оздравел, па сега повторно тестот му беше позитивен. И Матуиди има коронавирус, а периодот на изолација и нему не му е завршен.

 

- Оглас -

Најнови вести