Рабио во стилот на Меси: Французинот го даде голот на кариерата (Видео)

Французинот Адриен Рабио постигна фантастичен гол со кој Јувентус поведе со 1:0 на гостувањето на „Сан Сиро“ против Милан.

Рабио прифати една топка на средината од сопствената половина, успеа да направи слалом и претрча околу 60-тина метри и на крајот со перфектен шут го совлада Донарума.

Само пет минути по голот на Рабио, Јувентус и по вторпат се израдува, а стрелец на тој погодок беше Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести