Работи на кои ќе треба навикнување: Меси во дрес што не е од Барса и различен број на грбот

Како што одминува денот, така сè повеќе се засилуваат шпекулациите дека ПСЖ ќе го оствари најголемиот ангажман во историјата на фудбалот. Лионел Меси никогаш не бил поблиску до Париз, помалку од 24 часа откако стана јасно дека нема да продолжи со Барселона.

Се појавија информации дека Светците ја резервирале Ајфеловата кула, потег каков што направија при трансферот на Нејмар пред четири години, а најново е дека Меси веќе го одбрал бројот што ќе го носи на дресот од францускиот вицешампион.

По повеќе од една деценија нема да го гледаме Лео со бројот 10 на грбот, туку со бројот 19, еден од трите броја кои ги носеше на дресот на Каталонците. Тоа значи дека Нејмар и понатаму ќе биде „десетката“ на Парижаните.

Инаку, Меси во кариерата на дресовите ги носеше броевите 30, па 19, а откако Роналдињо замина од „Камп ноу“ го присвои легендарниот број 10, за што се покрена петиција Барселона да го повлече од употреба во чест на нивниот најдобар играч на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести