Работнички е во криза, Струга ја запре низата од три порази по ред

Струга Трим Лум славеше со 3-1 на гостувањето во Скопје кај Работнички, и ја прекина црната серија од три порази по ред, додека за Романтичарите ова е трети пораз во низа.

Стрелци за гостите беа Јахја, Шабани и Јобе, додека за Работнички погоди Рашо. Сега стружани имаат два бода повеќе од Работнички, кој е на девет бода плус од Скопје, тим што би играл бараж за опстанок во првата лига кога сезоната би завршила денеска.

Останатите прволигашки мечеви се играат утре, а двојките се: Шкупи – Тиквеш, Академија Пандев – Скопје, Шкендија – Борец, Македонија Ѓ.П. – Пелистер и Брегалница – Ренова.

- Оглас -

Најнови вести