Работнички и Пелистер заборавија на опстанок, сакаат во Европа

Работнички и Пелистер се во одлична форма, веќе и заборавија на маките со опстанокот и денеска ќе играат меѓусебн дуел за бодови што можат да ги приближат до заоната што води во Европа.

Ова особено се однесува на Романтичарите, кои се петти на табелата и со триумф во премиерниот меч од 26. коло ќе се доближат до позициите што водат во еврокуповите.

До неодамна и Пелистер стравуваше за опстанокот, но битолчани играат извонредно во пролетниот дел од шампионатот и имаат само еден пораз на 7 меча.

Го победија Вардар во големото македонско дерби во минатото коло и сега ќе се обидат да го повторат исходот и резултатот против уште една екипа од Скопје.

Работнички е фаворит, нема пораз на 7 натпревари по ред против Пелистер, а на овој меч можете да се обложувате во Sport Life. Коефициентот за единица е 1.96, дека нема да има победник квотата е 3.00, а триумф на битолчани може да ви донесе добивка помножена со 3.65.

 

- Оглас -

Најнови вести