Работнички има нов тренер

Александар Влахо е нов шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Работнички. Раководството на клубот одлучи да му даде нова шанса на Влахо да застане на кормилото на тимот и да го води во пролетниот дел од првенството.

„Влахо е млад, квалитетен и мошне амбициозен тренер кој заслужува да добие нова шанса на клупата на Работнички. Раководството на клубот има максимална доверба во неговиот капацитет, тој и во претходниот престој покажа дека е голем работник и потполно се вклопува во стратегијата на клубот за форсирање млади и талентирани фудбалери. Многу добро ја знае атмосферата во Работнички и му посакуваме многу успех на кормилото на тимот“ – вели претседателот на клубот, Драган Поповски.

Влахо беше на клупата на Работнички на почетокот на сезоната 2019/2020, а има големо искуство како дел од стручните штабови на Вардар, Динамо Загреб, Рига и Широки Бријег.

Работнички ќе ги стартува зимските подготовки на 8 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести