Работнички се радуваше во драматичен меч против ФМП

Работнички го доби дербито против ФМП Академија во најинтересниот меч одигран денеска во кошаркарското првенство. Најтрофејниот клуб во Македонија победи со 68:66 во меч на кој имаше повеќе пресврти.

Работнички одлично го започна дуелот и поведе со 11:0, но до крајот на првата четвртина ФМП го возврати ударот, па по 10 минути игра беше нерешено (18:18). Од тој момент, до крајот на мечот, ниту еден од двата тима немаше предност поголема од четири разлика.

Токму затоа, во завршницата се случи драма. ФМП водеше со 64:63, а потоа следеше мини серија на Работнички од 5:0 за предност од 68:64. Херис погоди две слободни фрлања за гостите, а потоа Мулалиќ наместо да го потврди триумфот на Работнички, промаши два „пенали“ и даде шанса на противникот да направи пресврт. За среќа на Работнички, ФМП не го реалиираше последниот напад.

Во останатите два меча кои се играа денеска: МЗТ Скопје 2 славеше против Гостивар со 77:72, а ТФТ Скопје дома загуби од Еуро Никел со 67:83.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести