Рафа Бенитес си оди од Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитес, потврди дека нема да ја продолжи соработката со клубот. Клупата на тимот од „Сент Џејмс парк“ од 1 јули ќе биде слободна, а Шпанецот по три години одлучи да бара нов предизвик.

Бенитес го презеде Њукасл кон крајот на сезоната 2015/16, а откако не успеа да го спаси клубот од испаѓање, ја доби довербата од управата да го врати клубот во Премиер лигата. Тоа и го стори експресно, Њукасл како се избори за влез во англиската елита уште во првата сезона, а под неговата палка Њукасл го одржа премиерлигашкиот статус.

Неговиот тригодишен договор истекува кон крајот на овој месец, а на раководството им соопштил дека нема намера да остане.

Инаку, во својата тренерска кариера Бенитес водеше великани како Ливерпул, Реал Мадрид, Интер, Челзи, а пред да се врати во Англија работеше и во Наполи. Популарниот Рафа е единствениот стратег кој може да се пофали со трофеи од Лигата на шампионите, Лигата на Европа, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести