Рајан Гигс отстранет од репрезентацијата на Велс

Рајан Гигс нема да ја води репрезентација на Велс на наредните три натпревари. Ова е договорено меѓу него и Фудбалската федерација на Велс, а отстранувањето од националниот тим засега е привремено, но во зависност од резултатите од истрагата против Гигс, може и да му биде раскинат договорот.

Гигс завчера беше уапсен и обвинет за физички напад врз девојката. Тој ги отфрла обвинувањата, а беше пуштен на слобода откако беше дадена гаранција.

Селекторската функција во следниот период ќе ја врши Роберт Пејџ. Тој треба да го води тимот на пријателски меч против САД и на два меча од Лигата на нации против Ирска и Финска.

- Оглас -

Најнови вести