Рајо со гол во 90+6 минута стигна до победа

Столе Димитриевски со Рајо Вајекано на свој терен се израдуваа на три бода во дуелот против Елче победувајќи со 2:1.

Гостите први погодија, но Рајо израмни пред крајот на првиот дел. Домаќините постојано напаѓаа, но никако не успеваа да го срушат отпорот на гостите.

Судијата покажа шест минути продолжување, а во последните секунди од мечот Лопез погоди и им донесе голема радост на домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести