Рајола ја прошири листата на кандидати за Халанд, може ли да се случи италијанско изненадување?

Мино Рајола го прошири списокот со заинтересирани клубови за ангажман на Ерлинг Халанд и вели дека е можно тој да биде нов член на Јувентус.

Иако главни фаворити се двата шпански гиганти, Реал Мадрид и Барселона, во трката сериозно може да им парира и Јувентус, а според информациите од Англија вклучен е и Челзи. Рајола ги наведе и богатите клубови од калибарот на ПСЖ и на Манчестер сити, кои имаат катарски шеици како сопственици.

Јувентус би ослободил простор во буџетот, ако си замине Кристијано Роналдо, а тоа е и голема „ставка“ од над 30 милиони евра годишно, па дел од парите би можеле да бидат пренаменети за Халанд.

„Сите клубови што се заинтересирани, а меѓу нив е и Јувентус можат да го купат Халанд“, изјави Рајола.

Сега главен проблем за Халанд и неговиот менаџер е што проектот Суперлига згасна експресно, само два дена откако беше промовиран, па потешка ќе биде мисијата да се платат стотици милиони евра за фудбалски трансфер во услови на криза што ја предизвика пандемијата со Ковид-19.

Норвшкото фудбалско чудо речиси сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд веќе ова лето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести