Ракометарите на Вардар на чекор до нова титула

Вардар во дербито го совлада Металург со 32-31 и ја продолжи победничката серија, која ги доближи „црвено-црните“ до нова титула на домашна сцена. Вардарци настапија без неколку важни играчи, но и вака без подобри од гостите кои се покажаа како „тврд орев“.

Во финишот имаше неизвесност, најпрвин Карачиќ погоди за 32-31, а во последните два напади, гостите не реализираа, и останаа без бод од ова гостување.

Кај Вардар ги немаше Скубе, Криштопанс, Фереира и Дибиров. Во нивно отсуство се истакнаа Кисељев со 8 и Стоилов со 5 гола. Со оваа победа Вардар е многу блиску до одбрана на домашната титула.

- Оглас -

Најнови вести