По пауза од четири сезони, ракометарите на Вардар повторно ќе бидат дел од Лига на шампиони. Македонскиот првак доби вајлд-карта за настап во елитното натпреварување, а денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави четирите групи со по шест екипи. Ждрепката ќе биде утре во 11 часот.
Вардар противниците ќе ги чека од последниот шешир. Учесниците ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи.
Според правилата, два клуба од иста држава нема да може да играат во иста група, а со оглед на тоа што сега има ситуација кај мажите дека има три тимови од иста држава, повеќе од два не може да се најдат во иста половина од ждрепката, односно најмногу два од иста држава во дел А, Б и Ц групите, и најмногу два во групите Д, Е и Ф.
Вардар е во ист шешир со данскиот Архус, словенечкиот Целје, српскиот Партизан, швајцарскиот Криенс Луцерн и шведскиот Кристијанштад, што значи дека нема да игра против овие тимови.


