Рамбо Петковиќ: За репрезентација играа тие што плаќаа

Дејан „Рамбо“ Петковиќ кој се прослави играјќи за Фламенго во бразилското првенство, тврди дека на Светското првенство во 1998 година не играл за репрезентацијата на тогашна СР Југославија, затоа што не му платил на фудбалскиот сојуз на нашиот северен сосед.

Петковиќ за националниот тим играше само шест пати, и повеќе го ценат во Бразил, каде е член на куќата на славните и еден од најдобрите странци во историјата, отколку во родната земја. Тој во најдобра форма беше пред 20-тина години, па Бразилците се чудеа зошто не играл на Мундијалот во Франција во 1998 година.

„Ми рекоа дека пет или шест фудбвалелри, платиле пари, за да играат за Југославија на тоа СП. Еден од посредниците помеѓу мене и сојузот, ми рече дека и јас ќе одам во Франција, ако платам. Тогашниот претседател на Виторија за која што играв таа година, сакаѓше да плати од својот џеб, но му реков да не троши пари и дека не сакам на таков начин са бидам во тимот“ – изјави популарниот Рамбо.

 

- Оглас -

Најнови вести