Рамос доби жестока казна, но сепак може да биде и задоволен

Серхио Рамос е познат како еден од оние фудбалери со најмногу добиени црвени картони во кариерата. Легендарниот шпански дефанзивец има дури 28 црвени картони, од кои 26 му се во дресот на Реал, а два како играч на ПСЖ.

Последен пат поради исклучување Рамос не го доигра мечот на ПСЖ против Ремс, кога доби црвен картон во 41-вата минута. По исклучувањето, Рамос тргна да негодува кај судијата. Според снимките, Рамос на шпански јазик почнал да го пцуе судијата, поради што му се закануваше суспензија дури од седум меча.

Сепак, Рамос се спаси затоа што наместо седум меча суспензија поради навреди на судијата, доби казна од три средби. Тоа значи дека Шпанецот ќе го пропушти дербито против Олимпик Марсеј, а потоа и дуелите со Ажаксио и Троа. Следниот меч во француското првенство Рамос може да го има најрано на 6 ноември, кога ПСЖ гостува кај Лориен.

 

- Оглас -

Најнови вести