Рамос го одбра најважниот гол во кариерата: Ѝ кажав на мајка ми дека можам да умрам во мир

Серхио Рамос е атипичен дефанзивец. Иако важи за еден од најдобрите стопери во историјата на шпанскиот и европскиот фудбал, Рамос во кариерата постигнал доста важни погодоци, а како најважен го одбра против Атлетико Мадрид во финалето од ЛШ во сезоната 2013/14.

Неговиот гол со глава во судиското надополнување значеше израмнување на 1-1 против градскиот ривал и продолжување на мечот на дополнителни 30 минути, во кои Кралевите го скршија отпорот на составот на Диего Симеоне и славеа со 4-1 за освојување на десеттата европска титула.

„Тој гол ја смени историјата на клубот бидејќи долго време немавме освоено ЛШ, а во тие моменти речиси сè беше загубено. По тој гол ѝ кажав на мајка ми дека можам да умрам во мир без разлика што ќе се случи. Тој гол го сметам за најдобар и најважен во мојата кариера“, истакна Рамос.

По освоената „Ла децима“, Реал предводен од Рамос како капитен освои уште три титули во Лигата на шампионите, и тоа последователно во 2016, 2017 и 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести