Рамос: Ќе гинам за ПСЖ на мечевите со Реал

Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос, изјави дека не сакал во осминафиналето од Лигата на шампионите неговиот сегашен клуб ПСЖ да игра против неговиот ексклуб и дека иако стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го чувствува како свој дом, доколку игра, ќе игра „до смрт“ за победа на Светците против најтрофејниот европски клуб.

По денешната повторена ждрепка, еден клуб од ПСЖ или Реал Мадрид ќе биде елиминиран во осминафиналето. Рамос летоска од Реал премина во парискиот тим, а на социјалните мрежи денеска се врти снимка од 2019 година, во која Рамос вели дека никогаш не би потпишал за клуб кој може да игра против Реал Мадрид.

„Не сакав да се паднеме со Реал, но барем повторно ќе играм на Бернабеу, откако поради ковид-19 немав достојно простување. Го сакам Реал, но на овој двомеч ќе гинам за ПСЖ и ќе сторам сè за да поминеме понатаму“, изјави шпанскиот дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести