Рамос објасни: Некогаш судиите ни помагаат, некогаш ни одмагаат, тоа е фудбал

Бетис на свој терен загуби од Реал Мадрид со 2:3 во меч кој имаше многу пресврти. Гостите водеа со 1:0, а Бетис до полувремето стигна до 2:1. Во вториот дел Бетис остана со играч помалку, потоа беше досуден и пенал за Реал и на крајот Кралевите победија со 3:2.

Домашните фудбалери беа разочарани од судењето, а Аиса Манди вели дека ако премногу збори за судењето, може да биде казнет.

„Постојат работи кои во моментов не можам да ги кажам, но исто така постојат работи против кои не може да се борите“, кратко искоментира фудбалерот на Бетис.

Во целата ситуација се вклучи и Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Некогаш судиите ни помагаат, некогаш ни одмагаат, тоа е фудбал“, беше коментарот на Рамос кој го даде победничкиот гол за Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести