Рамос се врати, Реал Мадрид е сигурен за пласман во нокаут-фазата (Состави)

Реал Мадрид има многу причини за оптимизам дека ќе успее да го прегрми тешкото искушение вечерва во директниот дуел за нокаут-фазата во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах.

По пауза од над еден месец, во составот се врати капитенот Серхио Рамос, токму навреме за клучниот дуел што може на Реал Мадрид да му донесе пласман во осминафиналето во ЛШ, но и прво место во групата ако победи вечерва на меч што ќе се игра од 21 часот.

На двете екипи им одговара нерешен резултат ако Шахтар загуби во Милано од Интер на меч што исто така почнува во 21 часот.

Интер мора да победи и да чека победа на еден од двата тима во Мадрид за да се пласира во осминафиналето, а Шахтар може да оди понатаму и со реми ако Реал Мадрид не ја победи Борусија.

- Оглас -

Најнови вести