Рамос тера меден месец во Костарика кај Кејлор Навас

Откако се ожени со долгогодишната девојка Пилар Рубио, со која има три деца, дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, реши својата сопруга да ја однесе на меден месец во Костарика. Таму Рамос беше пречекан од клупскиот колега Кејлор Навас и неговата поубава половина Андреа Салас.

Рамос и Рубио уживаат во друштвото на Кејлор и Андреа, а Серхио ја покажа и својата нова тетоважа, еднорог, со три ѕвезди на него. Трите ѕвезди се неговите три сина.

Освен што ја откри тетоважата, Рамос можеби откри и уште нешто. Од вчера засилено се шпекулира дека во моментов Навас е поблиску до останување отколку заминување од Реал. Доколку не стигне некоја понуда која не се одбива, Навас може и да остане во клубот, а сојузник на своја страна ги има навивачите и главниот човек во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести