Раниери е рекордер, има „помошник“ кој наполни 100 години

Клаудио Раниери е човекот кој го предводеше Лестер до историската титула во Премиер лигата и неговото име ќе се памти во Англија. Италијанскиот стратег во кариерата бил на клупата на: Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Парма, Јувентус, Рома, Интер, Монако, Нант, Рома, а сега е во Сампдорија.

Со над 30 години тренерска кариера, Раниери е еден од најискусните, но тоа не значи дека нема совети од поискусни од него. Клаудио призна дека постојано слуша совети од својата мајка со која е многу поврзан. Таа денеска полни 100 години, па Раниери може да се пофали дека има помошник стогодишник.

„Кога работам некаде надвор од Рим, секој ден се слушам со мајка ми. Таа го сака и го разбира фудбалот. Секојдневно ми дава совети, па можам да кажам дека таа е мој помошник. Веќе 20 години таа ми дава совети. Се сеќавам уште во времето кога работев во Челзи, постојано се бунеше зошто на Демијан Даф не му давам повеќе минутажа и не е стандарден првотимец“, раскажива Раниери.

Сампдорија вечерва ќе гостува кај СПАЛ во меч од Серија А, а Раниери сигурно ќе има посебен мотив да стигне до победа на овој меч.

 

- Оглас -

Најнови вести