Раниери во вистинско време ги изненади играчите на Сампдорија

Еден од најпознатите италијански тренери, Клаудио Раниери во текот на оваа сезона седна на клупата на Сампдорија. Главна цел на Раниери беше да не дозволи тимот да испадне од Серија А, а моментно се наоѓа на 16-тото место на табелата, со само еден бод повеќе од зоната за испаѓање.

И во овие тешки моменти, која фудбалот е ставен во мирување, а фудбалерите и тренерот се немаат видено повеќе од еден месец, Раниери не заборави на сите играчи и нивните семејства да им го честита католичкиот Велигден.

Раниери испратил подароци во домовите на сите фудбалери, а не ги заборавил и нивните деца.

„Клаудио контактираше со една локална пекара која успеа да му направи чоколадни јајца за сите играчи и нивните најблиски“, пишуваат дел од италијанските медиуми. Ниту еден друг тренер во Серија А не се сетил да направи слично изненадување на своите играчи додека се во изолација.

 

- Оглас -

Најнови вести