Раниери: Вечерва живи ќе ги изедам играчите на Сампдорија

Тренерот на Сампдорија Клаудио Раниери беше премногу разочаран од играта на своите фудбалери кои едноставно беа понижени во дуелот со Лацио и загубија со 5:1. Раниери изјави дека е подготвен да стави масло и малку сол и живи да ги изеде своите фудбалери.

„Ќе ставам малку масло, сол и бибер и вечерва ќе ги изедам живи“, рече тренерот на Сампдорија, а потоа додаде „Не само што не успеавме да добиеме дуел на прва или втора топка, ние не успеавме да добиеме ниту еден дуел за топката. Бевме очајни, едноставно не игравме како тим. Ова е најлошиот меч откако сум дојден во тимот. Лацио ги заслужи сите пофалби за победата. Тие едноставно уживаа на теренот, а ние не“, додаде Раниери.

Лацио водеше со 5:0 до 65 минута, а до крајот на дуелот гостите дадоа почесен погодок. Небесносините се трети на табелата со 45 бодови, додека Сампдорија е на 16 место со само 19 бодови досега по 20 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести