Без мнгоу изненадувања, двајцата возачи на Мерцедес се најдоа на првите две позиции на синоќешната квалификациска трка, па вечерва од првиот ред ќе тргнат Џорџ Расел и Кими Антонели. Расел е возачот кој победи на првата трка во сезоната, а потоа Антонели доминираше во следните три и се најде на највисокото место на пиедесталот.
И сега, според коефициентите, битката за победник на патеката „Жил Вилнев“ за Големата награда на Канада, треба да се бара меѓу нив двајца. Со квота помала од 10 е само уште актулениот Ф1 шампион Ландо Норис кој ќе стартува како трет, а со Норис ќе биде тимскиот колега Оскар Пјастри.
Од третиот ред ќе тргнат двајцата возачи кои ги доминираа во изминативе 10-тина години во Ф1, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, но многу веројатно е дека нивното време „е поминато“.


