Расел победи на спринтот, и Ферари помина добро

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на спринт трката на Големата награда на Кина во Формула 1. Британецот тргна од  пол позиција, а триумфираше со предност помала од една секунда пред вториот Шарл Леклер од Ферари.

Подиумот го комплетираше Луис Хамилтон, истотака од Ферари. Ако се знае дека Леклер тргнс од шеста, а Хамилтон од четврта позиција, ова е одличен резултат за пилотите на Ферари на спринтот во Шангај. Хамилтон во претпоследниот 18-ти круг го претекна Ландо Норис и дојде до третото место. 

Сега во 8 часот почнуваат официјалните квалификации за главната трка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести