Рашфорд ги реши Тотенхем и Мурињо, „лудите“ Лисици ја нанижаа и седмата победа

Манчестер јунајтед го доби дербито против Тотенхем со конечни 2-1 на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи му го расипаа враќањето на Жозе Мурињо, кој вечерва ги предводеше Петлите во првиот пораз откако ја презеде клупата од Маурисио Покетино. Маркус Рашфорд со два погодоци ја донесе само петтата победа за 20-кратниот англиски првак дури во 15-тото коло во оваа сезона.

Англискиот голгетер уште во шестата минута постигна одличен гол за рано водство на домашниот состав, но Али влеа надеж во своите соиграчи откако успеа да израмни на пет минути до паузата. Јунајтед доби прилика одново да поведе откако судијата Тирни додели пенал во нивна корист, а Рашфорд без размислување ја искористи шансата, што беше доволно за трите бода.

Лестер го совлада Ватфорд со 2-0 благодарение на асот Џејми Варди, кој го постигна 14-тиот овосезонски погодок во шампионатот, со кој се зацврсти на врвот на листата на стрелците, додека Медисон во финишот ја запечати седмата последователна победа на Лисиците.

Челзи успеа да го надигра незгодниот состав на Астон вила со 2-1. Избраниците на Френк Лампард им се вратија на победите по двата порази од Сити и Вест хем, бодовите ги осигураа Абрахам во 24-тата и Маунт во 48-мата минута, додека за гостите стрелаше Трезеге во првото полувреме.

https://twitter.com/zwodde11/status/1202326290663198720

И во останатите два меча на триумф се радуваа домашните екипи, Саутхемптон беше подобар од Норвич со 2-1, а Вулверхемптон со конечни 2-0 против Вест хем стигна до вкупно 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести