Рација во белградски хотел, уапсени еден познат фудбалер и еден пејач

Фудбалерот на саудиски Ал-Итихад, Александар Пријовиќ, денеска во 17 часот бил уапсен во кафе-барот на хотелот „Краун Плаза“ во Белград поради кршење на полицискиот час. Покрај него, во полициска станица завршиле и пејачот Радиша Трајковиќ, познат како Џани, и неговата сопруга.

Веселото друштво го прекрши полицискиот час, а пејачот како повратник од ризична земја го прекршил и правилото за задолжителен карантин по враќање во родната земја.

Србија воведе остри казни за кршење на правилата за време на пандемијата на Коронавирусот, па останува да се види дали тие правила важат за сите или Пријовиќ и Џани ќе се извлечат со полесни казни. Неодамна во центарот на вниманието на српската фудбалска јавност беше Лука Јовиќ, кој исто така слободно се шеташе низ Белград откако се врати од Шпанија наместо да седи во карантин.

- Оглас -

Најнови вести