Ражнатовиќ открива: Јокиќ пиеше по два литри сок и јадеше пола кило бурек

Никола Јокиќ дефинитивно е еден од најголемите ѕвезди во НБА лигата. Српскиот кошаркар е предводник во тимот на Денвер, тим кој е дел од финалето на западната конеренција во плејофот, каде губи со 0:1 од Лос Анџелес лејкерс. 

Денвер веќе испиша историја откако два пати успеа да се врати по негатива од 3:1, на крајот да слави со 4:3 во победи. Во решавачкиот седми меч против Лос Анџелес клиперс, Јокиќ успеа да направи трипл-дабл нешто што не му успеало на ниту еден играч во послените 15 години во мајсторка во плејофот.

Мишко Ражнатовиќ е менаџерот кој го откри Јокиќ и тоа додека играше за Војводина. Познатиот менаџер погледнал статистики од два меча на Јокиќ, па пратил свој човек да го гледа младиот центар. Вестите од теренот биле разочарувачки затоа што тинејџерот Никола воопшто немал спортска конституција.

Фотографиите на кои Јокиќ е дебелко како дете станаа хит во последно време, а Ражнатовиќ открива дека исхраната му била многу нездрава, иако вели дека Никола не бил секогаш толку дебел како на фотографиите.

„Не беше секогаш така како што е на тие фотографии. Имаше значителен број на килограми, но беше физички инфериорен во однос на сите останати играчи на теренот. Кондицискиот тренер мораше посебно да работи со него за да може да му ја врати формата на телото. Сепак, Јокиќ покажува дека физичките предиспозиции не се секогаш најважни“, вели менаџерот, кој открива дека не било реткост Никола да јаде по две четвртини бурек и да испие два литри сок.

„Претходно му беше нормално да изеде пола кило бурек и два литри сок. Сепак, најсмешната анегдота за него е тоа кога доби запаление на тетивата на раката поради тоа што потпиша премногу автограми. Поради тоа мораше да паузира и пропушти неколку меча“, додава менаџерот кој зад себе има голем број на успешни кошаркари.

И покрај сите тие недостатоци, Јокиќ покажа дека во себе има кошаркарска магија за која многумина сонуваат, па неретко завршува и со трипл-дабл во НБА. Ражнатовиќ вели дека не можел ни да помисли дека Јокиќ ќе биде толку познат и успешен на теренот.

„Секако дека не ни помислував дека ќе стигне до ова ниво и дека ќе има ваква кариера. Да бидам искрен, бев задоволен кога го избраа како 41-ви пик на драфтот. Тоа беше одличен резултат според мене. На крајот се покажа дека и тоа не мора ништо да значи. Имаше среќа да се најде во вистински клуб во вистинско време и да покаже што знае. Секоја година се повеќе напредуваше и стигна до ова ниво на кое е сега“, дополнува Ражнатовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести