Реакцијата на Клоп кога го прашаа дали се сеќава кога Ц. Ѕвезда беше европски првак (Видео)

Англискиот гигант Ливерпул утревечер на „Енфилд Роуд“ ќе ја пречека Црвена Ѕвезда во третото коло од Лигата на шампионите. Иако според многумина, ова е меч на кој однапред се знае дека Ливерпул ќе победи, сепак е дуел на двајца поранешни европски прваци. Ливерпул вкупно пет пати бил на тронот на Европа, а Црвена Ѕвезда направи историски подвиг во 1991 година кога со Македонците Дарко Панчев и Илија Најдовски станаа континентални владетели.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп знае дека неговиот тим утре треба да освои нови три бода, а кога беше запрашан дали се сеќава кога Црвена Ѕвезда била европски првак, слатко се изнасмеа и даде оригинален одоговор.

„Кога беше тоа? Во 1990? Во 1991 година ли. Тогаш сум имал 23 години и очигледно сум имал попаметна работа од гледање на финалето во Лигата на шампиони“, со смеење одговори Клоп, кој подоцна додаде дека има гледано неколку меча од таа сезона и дека Ѕвезда тогаш имала добар тим.

 

- Оглас -

Најнови вести