Шампионот на Африка денеска ќе си замине дома

5717 Брегот на Слонова Коска – Алжир (АФКОН, 17 часот)

Актуелниот шампион на Африка, Алжир е на прагот на сензационална елиминација уште по првата рунда на новото издание на Африканскиот куп на Нации.

Марез, Фегули, Бунеџах и останатите ѕвезди на Пустинските лисици се уште не постигнале гол, а сега им треба и победа и тоа со најмалку два гола разлика за да бидат сигурни дека ќе се пласираат во следната фаза.

Брегот на Слонова Коска е лидер во Е групата, но и тие во одредена варијанта со убедлив пораз и со победник на дуелот меѓу Екваторијална Гвинеа и Сиера Леоне можат да се збогуваат со амбициите да се освои титулата на АФКОН.

Алжир мора да напаѓа бидејќи секој исход освен победа ќеги елиминира.

БСК има бзри напаѓачи, тука се Пепе, Заха, Халер, Сангаре, Сери… што ќе им отвори многу простор за контранапади и типуваме дека нема да загубат во меч со 2-5 гола.

Предлог тип: 1Х&2-5 гола (2.50)

 

1305 Хетафе – Гранада (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)

Хетафе тешко го преживува периодот по заминувањето на тренерот Хозе Бордалас, па сега Кике Флорес се обидува да го спаси тимот од испаѓање.

Гранада со импресивна серија од 7 меча без пораз во Ла Лига, успеа да побегне од опасната зона, но се уште не може да биде безбедна на половина од шампионатот.

Во последно време натпреварите на овие две екипи се исклучително тврди и со малку голови, а со оглед на ситуацијата на табелата повторно може да се очекува неефикасен меч.

Предлог тип: 0-2 гола (1.51)

 

1360 Елче – Реал Мадрид (Копа Дел Реј, Шпанија, 19 часот)

Реал Мадрид долго чека на нов пехар во шпанскиот куп, што би му бил јубилеен 20-ти.

Последен пат Кралевите славеа титула во популарниот Копа Дел Реј во 2014 година кога на „Месталја“ ја победија Барселона со 2:1.

Интересно е дека веќе од следното издание почна апсолутната доминација на нивниот вечен ривал Барселона, која го освојуваше пехарот петпати во последните 7 финалиња.

Реал, кој е еден од најтрофејните клубови на светот, токму во ова натпреварување е најслаб и е дури на третото место на вечната листа со 19 пехари, зад Барса со 31 трофеј и Атлетик Билбао со 23.

Елче има само едно финале во Копа Дел Реј, во 1969 година и го загуби од Атлетик Билбао, токму на теренот на денешниот ривал, на „Сантијаго Бернабеу“.

Гостите се фаворити и имаат многу подобар тим, па типуваме дека ќе играат во четвртфиналето.

Предлог тип: 2 (1.53)

 

1092 Арсенал – Ливерпул (Карабао Куп, Англија, 20.45 часот)

Првиот меч на „Енфилд роуд“ заврши без голови, откако поради Ковид-19 еднаш беше одложен, па двете екипи си ги заменија домаќинствата.

Арсенал требаше да игра на свој терен на првиот меч, но денеска ќе ја има привилегијата пред своите навивачи да се обиде да го елиминира Ливерпул и да игра за пехарот во Карабао купот против Челзи.

Топчиите имаат многу проблеми со отсутни играчи, исто како и Ливерпул.

Кај Арсенал нема да играат Обамејанг, Парти, Елнени и Пепе поради настап на Африканскиот куп на Нации, Џака е суспендиран поради црвен картон, а неизвесен е и настапот на Сака, Одегард, Смит-Роу, Томијасу, Соареш и Чемберс.

Јасно е дека во вакви услови, Артета ќе има многу маки да состави тим за подвиг.

Кај Ливерпул ќе ги нема двете главни ѕвезди, Салах и Мане поради настап на АФКОН, а таму замина и Кејта.

Елиот е оддамна повреден, а неизвесен е и настапот на поранешниот играч на Арсенал, Окслејд-Чембрлен, на Ориги и Тијаго Алкантара.

Резултатот од првиот меч и многуте отсутни играчи во двата табора некако најавуваат претпазлив пристап во реваншот, па ќе типуваме дека вториот финалист во Карабао купот ќе биде одлучен со повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (1.94)

 

1361 Атлетик Билбао – Барселона (Шпанија, Копа Дел Реј, 21.30 часот)

Лани на Атлетик му се случи нешто што никогаш нее видено во светскиот фудбал и загуби две финалиња во Копа Дел Реј во ист месец и на ист стадион.

На 3. април на „Ла Картуха“ во Севилја загубија од Реал Сосиедад со 0:1 во одложеното финале од 2020 година, а само 14 дена подоцна на истото место ги декласира Барселона со 4:0 во финалето за 2021 година.

Сега ждрепката сакаше пак да играат Атлетик и Барса, двете најтрофејни екипи во шпанскиот куп.

Каталонците имаат 31 пехар, а Баскијците 23 и ова ќе биде дербито на осминафиналната рунда.

Атлетик ќе сака да и се реваншира на подновената екипа на Барселона, а Каталонците ќе го бранат ореолот на најтрофеен тим во Копа Дел Реј, па прогнозираме дека ќе има барем по еден гол на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести