Реал е пред кралски договор со „Легенди“ од Америка, ќе му донесе богатство од 10 милијарди евра на шпанскиот гигант

Реал Мадрид е пред историски договор што може да му донесе на клубот 10 милијарди евра за 25 години, или по 400 милиони евра годишно, ако ја прифати понудата на американската фирма Legends Hospitality.

Американците би добиле 20 отсто акции за управување со реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ и би имале право на 25 години да организираат различни настани на стадионот во тој период.

Фирмата од САД би организирала концерти на најголемите светски музички ѕвезди на „Сантијаго Бернабеу“, а ако се реализира договорот, на култниот стадион би гостувала и НБА екипата на Сан Антонио спарс каде што Legends Hospitality имаат 20 отсто акции.

За старт американската фирма веднаш ќе префрли 150 милиони евра на сметката на Реал Мадрид, а му гарантира годишен приход од 400 милиони евра или неверојатни 10 милијарди за 25 години.

Во текот е реконструкцијата на стадионот во Мадрид, а Реал се задолжи со кредит од една милијарда евра, што треба да го врати за период од 25-30 години.

Се очекува подновениот „Сантијаго Бернабеу“ да биде со нов лик до 2025 година, а целта на Флорентино Перес е да ја подигне цената на клубот од шест на 8 милијарди евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести