Бензема го бива за сите позиции, Реал е нов лидер во Шпанија (Видео)

Карим Бензема повторно беше расположен за голови, постигна два од трите на Реал Мадрид во победата на фаворитот против Кадис со 3:0.

Францускиот ас беше прецизен од пенал во 30-тата минута, а десет минути подоцна беше во необична улога и на позиција на која е ретко на теренот.

Бензема дојде на средината на теренот и ја организираше акцијата за последниот гол на мечот, што го постигна во 40-тата минута.

https://twitter.com/CompleteSport24/status/1384971048827883526?s=20

Претходно му асистираше на Одриосола за 0:2 во 33-тата минута, со што го комплетираше одличниот учинок со два гола и асистенција вечерва на стадионот „Рамон де Каранца“ во Кадис.

Реал сега е лидер во Ла Лига со 70 бодови и подобра гол-разлика од Атлетико Мадрид, екипа што има еднаков број бодови, но и еден меч помалку. Битката за титулата е исклучително интересна со четири екипи, кандидати за пехарот.

Севилја има 67 бода, а Барселона со два меча помалку од Севилја и Реал и еден од Атлетико е на четвртото место со 65 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести