Реал Мадрид без Марсело и Куртоа на дуелот со Манчестер сити

Реал Мадрид на следните два, а можеби и три натпревари, нема да може да смета на услугите на голманот Тибо Куртоа и левиот бек Марсело. Ова значи дека против Еибар в петок и потоа во вторник на гости против Манчестер сити на голот ќе стои Алфонс Ареола, а левата бековска позиција ќе ја покрива Ферлан Менди.

Белгиецот Куртоа сезонава брани добро и тој е најдобриот и најконстантниот поединец на Реал сезонава, па неговата повреда на препоните е сериозен проблем за Кралскиот клуб. Ареола нема брането многу, а по почетните добри изданија, потоа се „прослави“ со киксеви и затоа оправдани се стравувањата како тој ќе брани во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Ако не се случи некое чудо и тие да закрепнат побрзо од прогнозите, Куртоа и Марсело најрано би можеле да се вратат на 21 март, кога Реал игра дома со Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести